Пандев: Чест и гордост беше за мене да го носам македонскиот дрес
21/06/2021 21:25Горан Пандев вечерва се прости од македонската репрезентација. Тој им посака успех на своите досегашни соиграчи во идните квалификациски циклуси.
Чест и гордост беше за мене да го носам македонскиот дрес изминатите 20 години. Изборивме пласман на Европското првенство и вечно ќе се сеќавам на овој успех со репрезентацијата. Срцето ми е полно. Нема поубаво чувство да играш на големо натпреварување во светиот дрес. Одлуката за крај со репрезентативните настапи е конечна. Не можам да играм, а да не го дадам максимумот. Чувствувам дека играњето на два фронта за мене на 38 години е невозможно. Во иднина ќе навивам за овие момци и убеден сум дека имаат квалитет да се пласираат на светското првенство, изјави Пандев.
Најдобриот играч во историјата на македонскиот фудбал забележа 122 настапи и 38 голови во дресот со македонскиот грб.





![Горан Пандев дoнece oдлyкa - ќe игpa yштe eднa гoдинa pandev-inter[1]](https://mkinformer.com/wp-content/uploads/2021/04/pandev-inter1.jpg)