MKinformer

your daily dose of news

(Фото+Видео) Aмepикaнcкaтa мopнapицa дeтoниpaшe 6oм6a вo oкeaн – ekcплoзиjaтa пpeдизвикaлa зeмjoтpec

21/06/2021 9:59

Експлозија која ја предизвика американската морнарица била толку силна што предизвикала земјотрес.

Американската морнарица објави снимка која го покажува моментот во кој бомбата од 18.143 килограми била активирана во близина на брегот на Флорида.

This image has an empty alt attribute; its file name is amerikanska-mornarica-eksplozija-2-1024x576.jpg

Експлозијата била извршена под вода во рамки на тестирањето на можностите во воени услови, а брод на американската морнарица се наоѓал во близина на местото на експлозијата.

Намерата била да се покаже колку се бродовите издржливи кога ќе се соочат со вакви ситуации.

Експлозијата била толку силна што предизвикала земјотрес со јачина од 3,9 по Рихтер на околу 160 километри од местото на експлозијата.

error: Содржината е заштитена од копирање !!