MKinformer

your daily dose of news

(Видео+фото) „Летeчки Кремљ“: Луксузниот авион на Путин со позлатен ентериер

25/06/2021 18:18

На долгоочекуваната средба меѓу Владимир Путин и Џо Бајден, која се одржа во Женева, рускиот претседател пристигна во швајцарскиот град со луксузен авион „Летечки Кремљ“. Бајден пристигна на самитот со познатиот авион Ер форс еден (Военото воздухопловство 1), а она што е можеби помалку познато е дека авионот на Путин чини 390 милиони фунти (околу 455 милиони евра) и дека има дури и позлатен тоалет.

Авионот е дизајниран во неокласичен стил. Има сала за состаноци со позлатена маса опкружена со беж кожни фотелји. Салата има бар и спални соби, а државните обележја се видливи низ целиот декор.

Како што е неопходно за авионот со кој се превезува светскиот лидер, тој има и команден центар што може да се искористи за мобилизирање војници, кои можат да се користат за борбена ситуација кога Путин е во воздух.

error: Содржината е заштитена од копирање !!