MKinformer

your daily dose of news

Јорданка предвидува победа на ВМРО во Ѓорче, Аеродром и Кисела Вода – Петре мора да си оди

28/06/2021 12:24

Јорданка Ивановска-Јоци на социјалната мрежа Фејсбук предвидува дека ВМРО-ДПМНЕ на локалните избори ќе победат во Ѓорче, Аеродром и Кисела Вода, додека исто така коментира дека градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, мора да си оди.

Во продолжение објавата на Фејсбук:

Ѓорче, традиционална вмровска општина, на следни избори се враќа во вмровски посед. Тоа се гледа од авион. Триумфално ќе се врати во нивни раце, со разлика во – илјади гласови. Нема да биде по ниеден основ тесно.

Ни Саше, ни друг да стаат, некојси пресвети Саше – не им помагаат на СДСМ.
Ѓорче е изгубено за нив, Наумоски е неуспешен градоначалник за ѓорчепетровци и казната ќе стаса на голема врата.

Тоа имено се виде и од последните два изборни циклуси – гласовите во корист на СДСМ се стопија како сладолед.

Уште во јуни, јасно е дека Ѓорче. Г.Баба и К.Вода се враќаат кај вмровци, без разлика кој ќе биде кандидат.
Во останатите општини како Аеродром и Град Скопје нештата ќе зависат од кандидатите.
Но, Шилегов и Марин – мора да си одат!

Секако, и Богдановиќ мора да си оди, но во Центар, СДСМ – уште држи некоја разлика.

Објавата на Фејсбук може да ја погледнете ТУКА.

error: Содржината е заштитена од копирање !!