(Фото) Лaбaвo нa пpoшeткa: Гoл мaж ce пpoшeтa низ цeнтapoт нa Охрид вo кoj e дpжaвниoт вpв и кoгa шeтaa и cтpaнcки дeлeгaции oд „Пpecпa фopум“
02/07/2021 13:12Гол маж на возраст од педесетина години утринава прошетал низ центарот на Охрид во термин кога низ градот имаше странски делегации учесници на „Преспа форум дијалог“.
Граѓанин испратил фотографии до порталот СКД од прошетката на голиот маж по охридскиот плоштад.
Од охридската полиција за порталот СДК изјавиле дека станува збор за граѓанин кого го познавале од порано од слични инциденти, кој бил пријавуван. Од полицијата велат дека порано мажот шетал по танга, но сега соосема се соблекол.

Мажот се соблекол на плоштадот и ја оставил облеката на рекламно пано.
Во Охрид се одржува „Преспа форум дијалог“, настан на кој учествуваат политичари од целиот свет, а таму е и целиот македонски државен врв.
Извор: sdk.mk






