„БМВ“ удри во бетонски ѕид на скопски булевар
09/06/2025 14:18
32-годишник од Скопје и малолетни се тешко повредени, додека уште две лица се полесно повредени во сообраќајна несреќа на скопски булевар. Возачот удрил во рекламно пано, па во бетонски ѕид.
– На 08.06.2025 околу 16.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на булeвар „Македонско-косовска бригада“ во Скопје, патничко моторно возило „БМВ“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.К.(32) од Скопје, удрило во рекламно пано и бетонски ѕид.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетен сопатник во возилото, додека со телесни повреди се здобиле возачот, уште еден малолетен патник и сопатникот С.С.(25), сите од Скопје. Повредите се констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, информираа од полицијата.
Бил извршен увид од увидна екипа од СВР Скопје, а по наредба на јавен обвинител возачот А.К. бил лишен од слобода и против него ќе биде поднесена пријава по член 297 и 301 од Кривичниот закон.






