MKinformer

your daily dose of news

Деветгодишно девојче со повисок koефициeнт на интелигенција од Ајнштајн и Хокинг, студира на два факултети и сака да стане астронаут

06/07/2021 18:40

Деветгодишно девојче од Мексико има супер висок коефициент на интелигенција, дури 162, а овој број ја става малку над Алберт Ајнштајн и Стивен Хокинг.

Адара Перез од Мексико Сити ја тестира својата интелигенција уште од четиригодишна возраст.

Сега има девет години и студира на два степени – во системи и индустриско инженерство на два различни универзитета.

Девојчето ги насочи своите интереси на Универзитетот во Аризона, каде и беше понудено место да студира астрономија, а сега се свртува кон англискиот јазик со цел да го оствари својот сон.
Адари, на која и беше дијагностициран аутизам кога имала три години, се надева дека еден ден ќе стане астронаут во НАСА.

Пред дијагнозата, малата Адара била жртва на врсничко насилство, бидејќи децата сметале дека таа е „чудна“, пренесува порталот Бизлајф.

Според нејзината мајка Налели Санчез, Адара играла во куќата, кога децата ја заклучиле внатре. Почнале да викаат и да и кажуваат грди работи.

„Почнаа да удираат по куќата, тогаш таа ми рече дека повеќе не сака да оди на училиште, падна во депресија“, рече нејзината мајка.
Сепак, токму оваа интеракција откри дека девојчето е генијалец.
После настаните на училиште, мајката ја одвела на терапија, и таму психијатарот и препорача на Адара да оди во Центарот за грижа за таленти, каде што беа извршени разни тестови за интелигенција, и таа постигна 162. За споредба, се верува дека Ајнштајн и Хокинг коефициент на интелигенција 160.
Девојчето завршило средно училиште кога имала само осум години. И, ако сето ова не е доволно импресивно, таа напиша и книга.

error: Содржината е заштитена од копирање !!