Перфектна дама во лилаво: Шерон Стоун блесна на галата amfAR покрај најстариот син
19/07/2021 12:27Шерон Стоун со позитивна енергија и беспрекорен изглед блескаше на синоќешната хуманитарна гала на amfAR (Американската фондација за истражување на сидата).
63-годишната ѕвезда пристигна на свеченоста заедно со синот Роaн, облечена во елегантен лилав фустан од дизајнерското дуо Долче и Габана.
Шерон Стоун Шерон Стоун
Роан е најголемиот од трите деца на Шерон. Таа го посвои 21-годишното момче заедно со поранешниот сопруг Фил Бронстеин, а по разводот, посвои уште два сина.
Шерон Стоун Шерон Стоун Шерон Стоун Шерон Стоун Шерон Стоун Шерон Стоун Шерон Стоун Шерон Стоун

На церемонијата, која се одржува во рамките на Канскиот фестивал, Стоун ја водеше аукцијата со која се собираат средства за поддршка на истражувања за сидата. Меѓу понудените „зделки“ беа и 32 фустани од високата мода на врвните модни куќи како Версаче, Александар МекКвин, Гучи, Диор, Прада и Валентино.

Во текот на вечерта, таа се пресоблече во блескав фустан од Алберта Ферети и комплет од високата мода на Тони Вард.








