MKinformer

your daily dose of news

(Вознемирyвачко видео) Полициска бpyталност во Берлин, полицаец фpла постара жена на земја

03/08/2021 19:24

Специјалниот известувач на Обединетите нации за тортура Нилс Мелцер издаде барање за информации, откако видеото на кое се гледа како германски полицаец фрла постара жена на земја за време на протестот стана вирално на Интернет.
Видеото, кое наводно е снимено за време на протестот против најавените рестриктивни мерки поради пандемијата во Берлин во неделата, покажува жена која се обидела да помине покрај полицајци, а еден од нив ја фаќа за вратот со двете раце и ја фрла силно врз земјата, објави РТ.

На видеото се гледа како демонстрантите предупредуваат полицаец и се обидуваат да и помогнат на повредената жена, откако неколку полицајци продолжија да ги туркаат насобраните.

Нилс Мелцер, претседател за човекови права на Женевската академија во Швајцарија, потврди дека видеото го привлекло неговото внимание. Тој, исто така, побара изјави на сведоци и детали дали е „започната официјална истрага“.
Тоа не беше единствениот насилен настан на протестот во Берлин, бидејќи на втората снимка се гледа како друг полицаец користи сила против постара жена, пренесува агенцијата Фарс.
Протестите против затворањето во Берлин станаа насилни откако полицијата се обиде да ги спречи демонстрациите.
Околу 5.000 Германци учествуваа во протестите во неделата, а околу 600 беа уапсени.
Видеата сведочат и за други случаи на полициско насилство, полицајци пукаа во демонстранти, туркаа луѓе, им прскаа со солзавец во лицата …

Берлинската полиција не соопшти колку демонстранти се повредени, но соопшти дека 48-годишен маж починал по апсењето.

error: Содржината е заштитена од копирање !!