Силен земјотрес од 7,2 степени ги погоди Филипините
11/08/2021 19:46Земјотрес со јачина од 7,2 степени според Рихтеровата скала ја погоди областа на 66 километри оддалеченост од Бобон на Филипините, објави Американскиот геолошки завод.
Претходно, Европскиот медитерански центар за сеизмологија објави дека јачината на земјотресот во епицентарот била 6,9 степени според Рихтеровата скала и дека бил на длабочина од 60 километри, објави Ројтерс.
Засега нема други детали за штетата или повредените, објави Танјуг.





