MKinformer

your daily dose of news

Земјотрес од 5,1 степени ја погоди јужна Италија, почувствуван и на Сицилија

10/01/2026 10:33

Силен земјотрес со јачина од 5,1 степен според Рихтеровата скала беше регистриран утрово во 5:53 часот во јужна Италија, а потресот бил почувствуван во регионот Калабрија, како и во повеќе делови на Сицилија, меѓу кои и градот Месина, јавуваат италијанските медиуми.

Според податоците на Италијански национален институт за геофизика и вулканологија (INGV), епицентарот на земјотресот бил во Јонско Море, во близина на јонскиот брег, на длабочина од околу 65 километри.

Слични информации објави и Европски медитерански сеизмолошки центар (EMSC), според кој епицентарот бил лоциран на приближно 62 километри источно од Реџо Калабрија, на длабочина од околу 58 километри.

Засега нема информации за човечки жртви или материјална штета. Надлежните служби внимателно ја следат состојбата, додека земјотресот предизвика вознемиреност кај населението, особено во крајбрежните подрачја на јужна Италија.

error: Содржината е заштитена од копирање !!