MKinformer

your daily dose of news

Парче од свадбената торта на принцезата Дијана и принцот Чарлс продадено на аукција

11/08/2021 20:19

Четириесет години по бракот на британскиот престолонаследник, принцот Чарлс и принцезата Дијана, парче од нивната свадбена торта беше продадено на аукција за 2.220 фунти, објавија агенциите.

Чарлс и Лејди Дијана Спенсер, која станаа принцеза од Велс по нејзиниот брак, се венчаа на 29 јули 1981 година, во катедралата Свети Павле. Двојката се раздели 11 години подоцна, во 1992 година, и се разведе во 1996 година. Лејди Ди почина во сообраќајна несреќа во Париз на 31 август 1997 година.

Аукциското парче торта од марципан е украсено со кралскиот грб во црвена, сина и златна боја.

За венчавката на принцот Чарлс и принцезата Дијана биле направени вкупно 23 свечени торти, вклучувајќи ја и главната овошна торта со повеќе нивоа, висока 1,5 метри и тешка 102 килограми.

Парчето, дадено на Моира Смит, е од торта послужена со членовите на домаќинството на Кларенс Хаус во знак на благодарност за нивната услуга.

Организаторите на аукцијата очекуваа парчето свадбена торта, опишано од нив како „уникатен кралски сувенир“, да се продаде меѓу 300 и 500 фунти.

Аукциската куќа „Доминик винтер“ потсетува да не се јаде тортата.

error: Содржината е заштитена од копирање !!