MKinformer

your daily dose of news

Утpe пoтoплo вpeмe co тeмпepaтypи дo 37 cтeпeни – eвe кoга пoвтopнo ќe имa пpoмeнa нa вpeмeтo

21/08/2021 17:20

Утре времето ќе биде сончево и потопло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 20, а максималната ќе достигне од 29 до 37 степена.

Во Скопје, сончево со мала локална облачност и со слаб претежно северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 19, а максималната ќе достигне до 35 степени.

Од утре до вторник времето ќе биде стабилно со постепен пораст на дневната температура. Во среда повторно ќе има појава на локален пороен дожд со грмежи и засилен ветер, а во четврток претежно во планините ќе има услови за краткотраен дожд.

error: Содржината е заштитена од копирање !!