MKinformer

your daily dose of news

Тешко го отвораат срцето: Овие три хороскопски знаци имаат фoбија од љубовта

22/08/2021 19:42

Потребно е многу храброст за да се отворите пред некого и да ги откриете своите чувства и стравови. Тоа е посебно тешко за лицата кои едноставно, се плашат од љубов. Ако сте родени во еден од овие три хороскопски знаци, имате фобија од љубов. Според астролозите, луѓето родени во овие знаци токму затоа, многу тешко се вљубуваат.

ЛАВ

Луѓето родени во знакот Лав веруваат само на една личност – на себе си!. Иако се сметаат за самоуверени и немаат проблем со запознавањето нови луѓе, припадниците на овој знак често се повлекуваат кога чувствата ќе влезат во игра. Стравот од злоупотреба на довербата и скршено срце кај нив е преголем. Својата фобија од љубов можат да ја потиснат исклучиво со личност која им дава многу сигурност и им покажува посветеност.

ДЕВИЦА

Пред да им отвори врата на чувствата, аналитичката Девица си поставува многу прашања во својата глава. Што ако тој или таа се уште се состануваат со други? Што ако неговите чувства не се доволно силни? Девиците си стојат сами на патот кон љубовта. Луѓето родени во овој знак во главата ги одигруваат сите можни сценарија, што најчесто и ги спречува да го послушаат своето срце. Во страв дека другите ќе си поиграат со нивните чувства, Девиците околу себе градат заштитен ѕид кој може да го урне само посебно искрена и чувствителна личност.

СТРЕЛЕЦ

Доволно е само малку флерт и авантуристички опуштените Стрелци веднаш се „уловени“. Но, кога ќе сфатат дека кон некого развиваат подлабоки чувства, се појавува нивната друга страна и најчесто следува повлекување. Стрелците може да се ослободат од својата фобија од љубовта само ако потенцијалниот партнер е толку неформален и опуштен што со него ќе се чувствуваат крајно безгрижно и слободно. Тоа Стреците ги ослободува од стравот од сериозна врска и стравот дека ќе ја загубат својата слобода.

error: Содржината е заштитена од копирање !!