Пoчинa тапанарот на легендарните Ролинг Стоунс
24/08/2021 16:57Тапанарот на Ролинг Стоунс, Чарли Вотс почина на 80 -годишна возраст, изјави неговиот публицист.
„Со огромна тага ја објавуваме смртта на нашиот сакан Чарли Вотс“, се вели во соопштението.
„Почина мирно денеска во лондонската болница, опкружен со своето семејство.
Се вели дека тој бил сакан сопруг, татко и дедо и еден од најголемите тапанари на неговата генерација.
Во соопштението се додава да се почитува приватноста на неговото семејство, членовите на бендот и блиските пријатели во ова тешко време.
Веста доаѓа неколку недели откако беше објавено дека Вотс ќе ги пропушти датумите на турнејата на бендот во САД за да закрепне од неодредена медицинска процедура. Вотс претходно беше лекуван од рак на грлото во 2004 година.






