MKinformer

your daily dose of news

Трикови за полесно и пoбрзо пеглање

26/08/2021 19:35

Куп непеглани алишта може да биде обесхрабрувачки, но добрата вест е дека постои начин да се забрза овој процес. Добар сојузник во пеглањето е едно нешто што сите го имаме дома, а тоа е алуминиумска фолија.

Постојат два начина да користите фолија за да го скратите времето што ви треба за пеглање. Првиот е да ја обложите таблата за пеглање со алуминиумска фолија, да ставите капак и обично да ја пеглате гардеробата. Алуминиумската фолија ја рефлектира топлината и произведува пареа, така што нема да морате да пеглате облека од двете страни.

Друг начин е да вметнете топчиња од алуминиумска фолија во машината додека перете или сушите алишта. Тие помагаат подобро да се измие облеката, а многумина тврдат дека тие се одлична замена за омекнувач. Тие го запираат производството на статички електрицитет во машината за сушење. Доволни се две до три топчиња, и направете ги едноставно – земете парче фолија и направете топче со големина на тениско топче.

error: Содржината е заштитена од копирање !!