Трикови за полесно и пoбрзо пеглање
26/08/2021 19:35Куп непеглани алишта може да биде обесхрабрувачки, но добрата вест е дека постои начин да се забрза овој процес. Добар сојузник во пеглањето е едно нешто што сите го имаме дома, а тоа е алуминиумска фолија.
Постојат два начина да користите фолија за да го скратите времето што ви треба за пеглање. Првиот е да ја обложите таблата за пеглање со алуминиумска фолија, да ставите капак и обично да ја пеглате гардеробата. Алуминиумската фолија ја рефлектира топлината и произведува пареа, така што нема да морате да пеглате облека од двете страни.
Друг начин е да вметнете топчиња од алуминиумска фолија во машината додека перете или сушите алишта. Тие помагаат подобро да се измие облеката, а многумина тврдат дека тие се одлична замена за омекнувач. Тие го запираат производството на статички електрицитет во машината за сушење. Доволни се две до три топчиња, и направете ги едноставно – земете парче фолија и направете топче со големина на тениско топче.





![Дневен хороскоп: Нови познанства за рибите, финансиска kpиза за лавот astrologija-horoskop-780x470-1[1]](https://mkinformer.com/wp-content/uploads/2021/06/astrologija-horoskop-780x470-11.jpg)