Одлична е за кожата: Брза и лесна маска за лице од лимон и банана
29/08/2021 20:55Правењето маска за лице дома може да биде интересно затоа што сами сте направиле корисен производ.
Ако се прашувате каква маска би можеле да направите, денес предлагаме маска со лимон и банана. Ова овошје најчесто го имаме дома, па веднаш го олеснува рецептот.
Маска за лице од лимон и банана
Лимонот е полн со витамин Ц, кој може да биде решение за многу проблеми со кожата, како што се хиперпигментација и знаци на стареење.
Бананата не е само добра за нашето здравје, туку има и одлични ефекти врз состојбата на кожата.
Состојки:
Половина зрела банана
1 лажица разреден сок од лимон
1 лажичка мед
Постапка:
Исечете зрела банана, додадете мед и лимон на неа. Измешајте се добро. Нанесете ја смесата на целото лице. Оставете 15-20 минути или додека не се исуши. На крајот, исплакнете го лицето со топла вода.
БАНАНИМАСКА ЗА ЛИЦЕ





![Hajcилнoтo opyжje пpoтив жeштинитe – oвa ce пpeпopaкитe зa тoплитe дeнoви toploten-bran-sad[1]](https://mkinformer.com/wp-content/uploads/2021/06/toploten-bran-sad1.jpg)
