Paзбојници уkpaле накит вреден 10 милиони евра од продавницата на „Булгaри“ во Париз
07/09/2021 20:50Вооружени разбојници провалиле во златарницата на „Булгари“ на луксузниот плоштад Вандом во Париз и украле накит вреден 10 милиони евра, соопшти полицијата.
Тројца вооружени и маскирани лица ја ограбиле неодамна реновираната продавница за накит на плоштадот во центарот на Париз, во близина на хотелот Риц, нешто пред пладне.
Тројцата побеганале со автомобил, а четворица помошници местото го напуштиле со скутери. Тројцата главни извршители биле приморани да го напуштат возилото, па почнале да бегаат пеш пред полицијата да ги уапси.
Еј-би-си њуз пренесува дека еден од уапсените бил застрелан во нога од страна на полицијата пред да биде уапсен.
И други продавници за накит во Париз, исто така, биле цел на разбојници во последните месеци.
Во јули, накит вреден речиси 2 милиона евра беше украден од ексклузивна златарница во близина на Елисејските полиња, иако пленот подоцна беше пронајден, а осомничените уапсени.
Разбојници истиот месец ја нападнале и златарницата „Дин Ван“ во центарот на Париз.
Историскиот плоштад Вандом се смета за срцето на францускиот луксуз. Таму свои продавници имаат многу луксузни бредндови.






