(Видео) Река од вулканска лава ја проголта црквата на Канарскиот остров Ла Палма
28/09/2021 18:44Лава од вулканот Кумбре Виеха на Канарскиот остров Ла Палма проголта црква што се наоѓаше на патот на лавата кон морето.
Фотографиите објавени на социјалните мрежи покажуваат облак чад над камбанаријата, а потоа како лавата ја соборува црквата што исчезнува во неа, пренесува шпански Еуроњус.
Ерупцијата на вулканот започна на 19 септември, а штетата што е направена засега се проценува на околу 400 милиони евра.
Околу 420 згради и објекти, земјоделско земјиште беа уништени во лавата, а околу 7.000 жители беа евакуирани.




