MKinformer

your daily dose of news

Имаме со што да се гордееме: Средношколци-фармацевти од Кавадарци произведоа природен лек против бронхитис и астма

05/11/2021 17:47

Првата генерација фармацевти која произлезе од средното училиште „Ѓорче Петров” од Кавадарци, произведе природен лек, информираа попладнево од училиштето.

Во школската специјализирана лабораторија го произведовме првиот природен лек PINE SYRUP. Сирупот е произведен од шишарки од бел бор, собрани од научно-наставната шума во Михајлово. Може да се користи против бронхитис, астма, за искашлување, за подобар имунитет, за чистење на белите дробови на пушачите. Горди сме на нашите „фармацевти“ кои своето знаење го преточија во драгоцен природен лек, нагласија од училиштето.

Оттаму додаваат дека очекуваат уште успеси во иднина и многу нови производи, заедно со останатите генерации фармацевти кои се школуваат во ова училиште.

error: Содржината е заштитена од копирање !!