MKinformer

your daily dose of news

Методи на Тесла за зголемување капацитетот на мозокот

05/12/2021 19:15

Електричниот систем за наизменична струја е изумот по кој Никола Тесла е познат, но покрај тоа неговото име се наоѓа и на уште околу 300 патенти за разновидни изуми. Во текот на животот константно работел на проекти и често ги реализирал до крај.

Сами пробајте да решите проблем – Како и многу инавотори и креативци, така и Тесла ја застапувал тезата дека процесот на размислување и создавање треба да го поминете во самотија.

Излезете на кратка прошетка – Познато е дека кратката прошетка има свои предности кога станува збор за креативноста. При прошетка во парк во Будимпешта во 1881 година, Тесла ја добил идејата за создавање на неизменична електрична енергија.

Размислете убаво пред да направите нешто – Никола Тесла често зборувал како може да замисли фабрика и ретко правел нацрти пред почетокот на работата на неговите изградби. Овој процес на визуелно размислување не е карактеристичен за сите луѓе, но е основна идеја дека едноставно треба да се концентрирате на конечниот производ. За креативно размислување често е неоходно да се опуштите и да поработите на проблемите во вашата глава.

error: Содржината е заштитена од копирање !!