MKinformer

your daily dose of news

Денес променливо облачно, студено и ветровито со врнежи од снег во делови од земјата

18/12/2021 7:03

Променливо облачно, студено и ветровито, на места со провејување на снег. Ќе дува засилен северен ветер, повремено со брзина над 60 км/час. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 4, а максималната ќе достигне од 0 до 8 степени.

Во Скопје претежно облачно и студено со засилен северен ветер. Повремено во делови од котлината ќе провејува снег. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне 4 степени.

Од недела ќе преовладува стабилно и суво време со подолги сончеви периоди и со пониски утрински температури

error: Содржината е заштитена од копирање !!