ВРЕМЕТО ДЕНЕС: Променливо време со магла, сончеви периоди и повремен дожд
15/02/2025 10:27
Наутро ќе има услови за магла и ниска облачност. Преку денот времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а на места, особено попладне, се очекуваат повремени дождови. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се движи од -2 до 5 степени, а максималната ќе биде во интервал од 8 до 14 степени.
Во Скопје ќе има претежно облачно време со сончеви периоди и слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе падне до 2 степени, додека максималната ќе достигне 13 степени.
За викендот се очекува променливо облачно време со сончеви периоди и локални краткотрајни дождови, а наутро ќе има услови за магла. Почетокот на работната недела ќе донесе претежно облачно и постудено време со повремени врнежи. На планините и понекои повисоки места ќе има снег, а во пониските места дождот ќе преминува во снег. Ќе дува умерен северен ветер.





