MKinformer

your daily dose of news

Објавена првата фотографија: Светот конечно ја виде Лилибет Дајана, ќерката на Хари и Меган

23/12/2021 22:15

Меган Маркл и принцот Хари ја споделија првата фотографија со нивната ќерка Лилибет Дајана.

Фотографијата е дел од божиќната честитка за 2022 година, објавена шест месеци по раѓањето на нивното второ дете.

На фотографијата Меган (39) ја држи Лили во воздух додека Хари (36) седи со нивното првородено дете, двегодишниот Арчи Харисон, во неговиот скут.

Хари, Меган и Арчи избрале да облечат фармерки за семејниот портрет, кој е дело на фотографот Алекси Лубомирски, додека Лилибет носи бел фустан.

„Оваа година, ја пречекавме ќерката Лилибет“, стои во честитката. „Арчи нè направи „мама и тато“, а Лили нè направи семејство.“

Меган и Хари го добија своето девојче на 4 јуни во болницата Санта Барбара Котиџ во Калифорнија.

„Таа е повеќе отколку што некогаш можевме да замислиме, и ние сме многу благодарни за љубовта и молитвите упатени до нас што ги почувствувавме ширум светот“, се вели во соопштението на војводата и војвотката од Сасекс.

error: Содржината е заштитена од копирање !!