MKinformer

your daily dose of news

(Видео) Страшно: Изгоре преполн траект на југот на Бангладеш – 37 лица ги загубија животите, 72 се повредени

24/12/2021 13:52

Најмалку 37 лица загинаа, а 72 се повредени во пожар на преполн траект на југот на Бангладеш, соопштија локалните власти.

Пожарот избувнал три часа по полноќ по локално време, во близина на градот Џалакати, на брод што испловил од главниот град Дака и тргнал на југ кон градот Баргуна, оддалечен 250 километри.

Акцијата за спасување продолжува и дека најверојатно бројот на жртви ќе биде поголем, јавија локалните медиуми. Засега не е познато што го предизвикало пожарот.

https://youtu.be/IsEeZqN5Rig

error: Содржината е заштитена од копирање !!