MKinformer

your daily dose of news

Денес умерено до значително облачно време – претпладне магла по котлините

28/12/2021 9:14

Времето денеска ќе биде умерено до значително облачно, наутро и претпладне со услови за појава на магла и ниска облачност по котлините и речните долини и со слаб ветер од северен правец, информира УХМР.

Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 7, а максималната од 7 до 13 степени.

Во Скопје, претежно облачно со повремен слаб дожд и со слаб јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 8 степени.

Во следните два дена ќе преовладува значително облачно време со појава на магла и ниска облачност по котлините и речните долини. Повремен локален дожд ќе има во среда, а потоа во следните денови времето ќе биде стабилно и се потопло. Температурите ќе бидат над просекот за овој период од годината, што ќе предизвика постепено топење на снежната покривка.

error: Содржината е заштитена од копирање !!