MKinformer

your daily dose of news

Поларните мечки мигрираат од Америка во Русија

03/01/2022 10:06

Просечната годишна температура на Алјаска порасна за 4,8 степени Целзиусови во последните 50 години, и е еден од највидливите знаци на глобалното затоплување, а поради тоа се случува масовен егзодус на поларните мечки.

На Алјаска, на островот Кодијак, на 26 декември 2021 година, измерени се рекордни 19,4 Целзиусови степени.

This image has an empty alt attribute; its file name is polarni.png

Затоа животните се принудени да мигрираат од САД во Русија, поради климатските промени.

Далеку од таму, на рускиот остров Врангел во соседното Чукотско Моте, кое е богато со храна за мечките, нивната популација значително се зголеми.

Научниците во 2020 година изброиле рекордни 747 мечки.

error: Содржината е заштитена од копирање !!