Денес облачно и многу студено, утринските температури и под -10
23/01/2022 7:06Денес времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, многу студено и ветровито. Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец. Кон крајот на денот особено на североистокот облачноста ќе се зголеми и ќе има слаб локален снег. Наутро со утрински температури кои секаде ќе бидат под 0, а на места и под -10 степен.
Во следните денови времето ќе биде многу студено и ветровито со умерен до засилен северозападен ветер. Денес во североисточните планински региони ќе има појава на локален снег, а утре слаб снег ќе провејува во планините на западот. Утринските температури на многу места ќе се спуштаат околу -10 степени и помалку, а дневните ќе бидат околу и под нулата. Поради ниските температури ќе има појава на голомразица.





