По стапките на мајка си: Принцот Хари ќе ја продолжи работата на принцезата Дијана
10/02/2022 18:19Британскиот принц Хари денеска изјави дека се чувствува должен да се обиде да ја заврши работата на неговата покојна мајка, принцезата Дијана, во борбата против ХИВ и стигмата што ја опкружува болеста.
Воедно, по повод одбележувањето на Националната недела на тестирање за ХИВ во Велика Британија, тој ги повика луѓето да се тестираат за таа болест.
„Работата на мајка ми е недовршена“, рече Хари во видеото испратено до поранешниот професионален велшки рагбист Герет Томас, кој во 2019 година објави дека е ХИВ позитивен.






