„ДУХОВИ“ ВО КАВАДАРЦИ
14/03/2023 14:26Непознато лице веќе трет ден ги плаши жителите на Кавадарци. Полицијата до сега не реагирала на апелите на граѓаните да се истражи случајот. Кавадарчани се вознемирени, со право.
Станува збор за човек облечен во бела мантија. Снимката се појави на социјалните мрежи. Човекот танцува и се врти на влезот на патеката кај споменикот на 12-те деца, а во описот на видеото се вели дека и тој фрлал со камења. Граѓаните се во недоумица дали се работи за некои пагански обичаи. Видеото има над 41.000 прегледи, но и многу коментари.





