ВО СКОПЈЕ ФАТЕНО ЛИЦЕ БАРАНО СО ПОТЕРНИЦА
27/06/2024 15:00Денеска (27.06.2024) во Скопје од страна на полициски службеници од ПС Центар е лишен од слобода А.С. (26) од Скопје, кој бил баран со потерница по наредба на Основен кривичен суд, поради бегство од КПУ Идризово.

А.С. бил осуден на казна затвор од пет години и осум месеци по чл.236 од КЗ.






