(ВИДЕО)ФАН СЕ ФРЛИ ОД ТРИБИНИТЕ ВРЗ КРИСТИЈАНО РОНАЛДО
01/07/2024 14:31Кристијано Роналдо избегна потешка повреда по завршувањето на мечот Португалија-Грузија на Европското првенство во Германија откако еден навивач се обиде да скокне врз него.

Додека Роналдо го напушташе теренот по изненадувачкиот пораз од 0:2, еден фан во португалски дрес скокна од трибините и за малку го промаши. Снимки објавени на социјалните мрежи го покажуваат навивачот како ја прескокнува бариерата над тунелот за влез во соблекувалните во обид да му се доближи на Роналдо. Тој притоа го промаши Роналдо и пропадна во тунелот.
🚨🚨🚨🎥 |
لقطة مشجع مع الاسطورة رونالدو 😅😅😅😨 pic.twitter.com/c5cLedf1xI
— SALEH (@18s7_) June 27, 2024
Роналдо изгледа шокирано во прв момент и веднаш беше заштитен од припадник на обезбедувањето кој стоеше во близина.





