MKinformer

your daily dose of news

ВЛАДАТА ГО НАЗНАЧИ КОЦЕ ТРАЈАНОВСКИ ЗА ДИРЕКТОР НА „ДРЖАВНИ ПАТИШТА“

03/07/2024 7:12

Поранешниот градоначалник на Град Скопје и Општина Гази баба, Коце Трајановски, според засега медиумски информации, е назначен од Управниот одбор на „Државни патишта“ за нов директор на ова јавно претпријатие на местото на Ејуп Рустеми.

Трајановски како раководител на Јавното претпријатие за државни патишта ќе има неколку сериозни предизвици со кои ќе треба да се справува, како изградбата на автопатите Кичево – Охрид и Скопје – Блаце, а тука е и проектот со „Бехтел и Енка“ за автопатските делници од Коридорот 8 и Коридорот 10Д. ЈПДП лани оствари добивка од безмалку 100 милиони евра, но прашање е колку е таа реална, бидејќи од државниот буџет беа префрлени околу 240 милиони евра за конзорциумот „Бехтел и Енка“, а непознато е колку од овие пари се реализирани.

error: Содржината е заштитена од копирање !!