СО НОЖ ОГРАБИЛ БЕНЗИСКА ВО ЧАИР
10/07/2024 11:12Уапсен 35-годишен скопјанец кој извршил насилна кржба на бензинска во Чаир.

Денеска (10.07.2024) во 05.20 часот на подрачјето на Чаир полициски службеници од Полициската станица Чаир го лишиле од слобода В.В.(35) од Скопје, поради тоа што околу 03.00 часот на бензинска пумпа со закана со остар предмет кон вработениот одзел пари и мобилен телефон.
Со него бил извршен службен разговор и кај него биле пронајдени и одземени предмети кои потекнуваат од кривичното дело, кои ќе бидат вратени на сопственикот. По целосно документирање на случајот СВР Скопје – ЕВР Чаир ќе поднесе кривична пријава за сторено кривично дело „разбојништво“.



![Со нож краделе пари од деца во Градскиот парк apsenje-uck-1[1]](https://mkinformer.com/wp-content/uploads/2021/05/apsenje-uck-11.jpg)

