MKinformer

your daily dose of news

Пожарот кај армискиот полигон „Пепелиште“ се уште е активен, полициски и армиски хеликоптери ќе се вклучат во гаснењето

11/07/2024 9:24

Од ЦУК велат дека опасниот крак од пожарот на 10-километарскиот „огнен фронт“, кој ги загрозуваше селата Пепелиште и Војшанци, вчера е изгаснат, така што повеќе не постои опасност од пожарот за двете села.

Пожарот кај армискиот полигон „Пепелиште“ утринава сè е уште е активен во делот од селото Војшанци, кон сртот на планината Серта. Од Центарот за управување со кризи (ЦУК) информираат дека од страна на Територијалната противпожарна единица од Неготино и општинските јавни комунални претпријатија, но и со поддршка од месното население, утринава се дејствува за гаснење на пожарот.

При утринската координација на пожарникарите од Неготино, ЦУК и Министерството за внатрешни работи (МВР) е одлучено да дејствува полицискиот хеликоптер на МВР за да се спречи пожарот да не се префрли кон Конечка Планина каде што има густа вегетација од ниска шума, нискостеблеста иглолисна вегетација и висока трева.

Дел од екипите на пожарникарите од Неготино и јавните комунални претпријатија денеска се концентрирани на гаснење на поголемите жаришта од пожарот на планината Серта.

Во гаснењето на пожарот денеска околу пладне планирано е да се вклучи и армискиот хеликоптер „ми-17“.

Од ЦУК велат дека опасниот крак од пожарот на 10-километарскиот „огнен фронт“, кој ги загрозуваше селата Пепелиште и Војшанци, вчера е изгаснат, така што повеќе не постои опасност од пожарот за двете села.

Утрово од ЦУК велат дека упатиле барање за поддршка за целосно извидување на теренот од воздух до МВР, а и барање за извидување од воздух со дронови на Граничната полиција и на „Фронтекс“.

error: Содржината е заштитена од копирање !!