MKinformer

your daily dose of news

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ЕКС ДИРЕКТОРКАТА НА ТОКСИЛОГИЈА ШТО ОДЕШЕ НА РАБОТА СО ТАТКО И

12/07/2024 12:39

Поднесена е кривична пријава против поранешната економска директорка на Клиниката за токсикологија, Бесија Иљази заради злоупотреба на службената положба и овластување. Осомничена е дека го оштетила буџетот на клиниката за нешто повеќе од 10.000 евра.

Таа противправно обезбедила имотна корист за 17 лица со тоа што ретроактивно им исплаќала плати. Исплатите се извршени противправно за период кога со истите лица, Клиниката немала склучено договори за дело и во период на избори и бил пресметан и исплатен персонален данок.

МВР соопшти дека, иако знаела дека истиот ден кога е назначена за в.д. организациски директор на Клиниката за токсикологија, распишани се претседателски и парламентарни избори и не смее да склучува договори за вработување, договори за дело и дека истите задолжително треба да бидат потпишани од двајца директори, Иљази, сепак, склучила 15 договори за дело. Исто така, на Илјази ѝ било познато дека медицинскиот директор на Клиниката ги известил договорците дека нивните обврски кон Клиниката се завршени и дека не може да добијат договор на дело додека не завршат изборите. Единаесет здравствени работници со нејзино знаење и без склучен договор за вработување или договор на дело, продолжиле да доаѓаат на работа.

Бесија Иљази беше разрешена од функцијата кон крајот на јуни, со доаѓање на министерот за здравство Арбен Таравари. Здравствениот инспекторат претходно констатираше дека таа незаконски им ги потпишала решенијата на договорците со кои им се продолжува работниот однос до крајот на годинава. Меѓу вработените кои добија решение беше и болничарот кој се обиде да лажира резултати на урина со наркотици, што предизвика низа рекации во јавноста.

Дел од вработените, претходно, алармираа дека 18 лица доаѓаат на работа иако им престанал договорот, па по пријава Здравствениот инспекторат изврши увид и констатираше дека незакоснки извршувале работни задачи и даде наредба да им биде забранет влезот.

error: Содржината е заштитена од копирање !!