МОТОРЏИИТЕ НА УДАР НА ПОЛИЦИЈАТА: Санкционирани 89 возачи на мотоцикли само во Скопје
14/07/2024 11:36
Во текот на изминатата вечер (13/14.07.2024) во периодот од 18.00 до 01.00 часот спроведена е зајакната акциска контрола на територијата на СВР Скопје за санкционирање на прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, при што санкционирани се 89 возачи. Од нив, 46 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, 25 возеле без возачка дозвола, пет возеле со измината важност на сообраќајната дозвола.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.
-Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, стои во соопштението на МВР.






![Вчера во Скопје санкционирани 262 учесници во сообраќајот policija-rezim[1]](https://mkinformer.com/wp-content/uploads/2021/07/policija-rezim1.jpg)