MKinformer

your daily dose of news

(ФОТО)ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА КИСЕЛА ВОДА ЈА ИСПРАТИ ИЛИНДЕНСКАТА КОЊАНИЦА ЗА КРУШЕВО ОД КРСТОТ ВО ДРАЧЕВО

23/07/2024 9:43

Од Крстот во Драчево вчера градоначалникот на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски ја испрати најстарата илинденска коњаница кон славното Крушево, во пресрет на големиот празник Илинден.

– Со музика и дружба, заедно со мојот народ ја испративме најстарата илинденска коњаница од далечната 1979 година, од Крстот во Драчево. По патеката на Илинденците, на 2-ри август тие ќе пристигнат во Крушево. За мене нема ништо поголемо од почитување на нашата славна македонска историја и само така, почитувајќи и возвишувајќи ја, Македонија ќе живее и ќе опстои силна и тогаш кога некои сакаат да ја нема, порача Ѓорѓиевски.

Затоа, додаде дека секогаш ќе ги поддржува и ќе биде покровител на ваквите настани.

– Догодина, ветуваме дека ќе биде уште помасовно! – вети првиот човек на скопска Кисела Вода.

error: Содржината е заштитена од копирање !!