MKinformer

your daily dose of news

МИЦКОСКИ ЗА ПРВ ПАТ НА МЕЧКИН КАМЕН ГОДИНАВА: По долги години чествување во Ташмаруништа, премиерот конечно во Крушево

25/07/2024 11:39

За време на одбележувањето на Илинден, 2 Август, претседателката на Македонија Гордана Сиљановска Давкова прво ќе го посети Меморијалниот центар на АСНОМ во Пелинце каде ќе има и свое обраќање, а потоа ќе отпатува и во манастирот Св. Прохор Пчински, каде е предвдиено да се поклони пред спомен плочата на АСНОМ, но и да се сртене со српскиот претседател Александар Вучиќ.

Заедничката посета на Прохор Пчински била договорена за време на завчерашниот телефонски разговор меѓу двајцата претседатели.

Одбележување на 121 година од Илинденското востание ќе има на Мечкин камен, каде владината делегација на 2 Август за прв пат ќе ја предводи македонскиот премиер Христијан Мицкоски.

Во Скопје, Денот на Републиката ќе се одбележи со манифестација на тврдината Кале, каде обраќање ќе има претседателот на Собранието на Македонија Африм Гаши.

Годинава се одбележуваат 80 години од првото заседание АСНОМ и 121 година од Илинденското востание.

error: Содржината е заштитена од копирање !!