MKinformer

your daily dose of news

(ВИДЕО)УПАД ВО ДОМОТ НА ДВАЈЦА ПРИПАДНИЦИ НА МВР ВО СИНГЕЛИЌ, ПРОНАЈДЕНО ОГРОМНО КОЛИЧЕСТВО ОРУЖЈЕ

27/07/2024 10:24

На 25.07.2024,  беше извршен претрес во дом кај две лица – полициски службеници за кои претходно беше утврдено дека на социјалните мрежи објавуваат фотографии со оружје.

При претресот, извршен со судска наредба, во нивниот дом во село Сингелиќ, скопско, беа пронајдени една автоматска пушка, два пиштоли, 19 куршуми 9 мм, еден рап во кој има четири рамки за автоматска пушка, пет празни рамки за автоматска пушка, 125 куршуми калибар 7.62×39, пет куршуми непознат калибар, еден револвер, една празна рамка и шест празни рамки кои ги поседуваат без дозвола.

Со двајцата полициски службеници и нивниот родител, во присуство на адвокат, беа извршени службени разговори, по што беа извршени консултации со јавен обивнителе од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција и против нив ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

error: Содржината е заштитена од копирање !!