MKinformer

your daily dose of news

ТРАМП СЕ ВРАЌА НА МЕСТОТО НА АТЕНТАТОТ

27/07/2024 11:16

Доналд Трамп најви враќање во Батлер, Пенсилванија местото каде се случи обидот за атентат врз него.

Поранешниот американски претседател и републикански кандидат на претстојните претседателски избори, Доналд Трамп, најави дека наскоро ќе одржи уште еден митинг во Батлер, Пенсилванија, каде што беше извршен обид за атентат врз него на 13 јули.

„Ќе се вратам во Батлер, во Пенсилванија, на голем и убав митинг“, напиша тој на социјалните мрежи.

Трамп не го прецизираше датумот, а деталите ќе ги соопшти подоцна.

error: Содржината е заштитена од копирање !!