MKinformer

your daily dose of news

ОПШТИНА КИСЕЛА ВОДА СО ХУМАНИТАРНА ПОМОШ ЗА ОПОЖАРЕНИТЕ МЕСТА ВО СВЕТИ НИКОЛЕ

31/07/2024 14:50

Секаде каде е потребно – хуманитарна помош за регионите погодени со пожарот!

Во моменти на криза, солидарноста и заедништвото се од клучно значење. Ја изразуваме поддршката и солидарноста со сите погодени од пожарите.

Денес помагаме на нашите браќа и сестри во Свети Николе, а се надеваме дека оваа криза ќе заврши брзо и со што помала материјална штета.

Ваквите тешки моменти нè потсетуваат на важноста од помагање едни на други и затоа ги повикувам и другите општини да испратат помош во погодените подрачја.Заедно, со единство и солидарност, можеме да ги надминеме сите предизвици!, напиша градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓоргиевски

error: Содржината е заштитена од копирање !!