МИЦКОСКИ: Историски најголема откупна цена за лозарите!
07/08/2024 12:00
Премиерот Хрстијан Мицкоски се пофали дека неговата Владата обезбедила историски највисока откупна цена на грозјето, која ќе ги задоволи барањата на лозарите. Во споредба со ланските цени за откуп кај различни видови на грозје, оваа година цените се повисики од 15% до 25%.Историски најголема откупна цена за лозарите.
Производната цена на килограм винско грозје за двете најзастапени сорти за 2024 година, е зголемена за 25% согласно Законот за вино.
Производната цена на килограм грозје Вранец зголемена за 25% ќе изнесува 20,8 ден./кг , додека производната цена на килограм грозје Смедеревка зголемена за 25% ќе изнесува 18,3 ден./кг.
За споредба, минатата година килограм грозје Смедеревка се откупувало по цена од 15 денари, што значи дека оваа година имаме зголемување за 3,3 денари односно 22%. Додека пак килограм грозје Вранец во 2023-тата година се откупувало по цена од 18 денари, во 2024 година имаме зголемување од 2,8 денари односно 15.5%.
Целиот процес на откуп ќе го следи земјоделскиот инспекторат кој ќе распореди инспектори на секој откуп за да го следат процесот.
Борбата за стандардот на земјоделците е наш приоритет. Овој пат државата создава за народот. Исполнуваме. За тебе!, напиша Мицкоски.






