MKinformer

your daily dose of news

Два случаи на голема кашлица во Скопје: Бебе од 5 месеци и 4-годишно дете заразени

17/01/2025 19:55
Во периодот од 10 до 16 јануари 2025, Институтот за јавно здравје евидентираше два нови случаи на голема кашлица во Скопје. Станува збор за деца на возраст од пет месеци и четири години. Првото дете, на возраст од пет месеци, било невакцинирано и е пријавено на 10 јануари, додека второто дете, на возраст од четири години и комплетно вакцинирано, е пријавено на 13 јануари. Двете деца биле амбулантски лекувани.

Од почетокот на 2024 година, заклучно со 16 јануари 2025, во земјата се регистрирани вкупно 1.176 случаи на голема кашлица, со инциденца од 64 на 100.000 жители. Од почетокот на 2024 година до 16 јануари 2025 година, вкупно 94.822 дози вакцина против голема кашлица се применети на територијата на државата.

 

error: Содржината е заштитена од копирање !!