Убава вест од Кочани: Повредена во пожарот, роди здраво бебе
15/06/2026 20:20
Повредена во пожарот во Кочани донесе здраво машко бебе: „Најубава вест од трагедијата“
Во морето од тага, болка и загуби што ги остави катастрофалниот пожар во Кочани, во кој животот го загубија 63 лица, а околу 200 беа повредени, пристигна и една вест што внесе надеж и насмевка меѓу граѓаните.
Најубава приказна од трагедијата
Директорката на Општата болница во Кочани, д-р Катерина Паниќ Мирчовска, откри дека една од девојките кои биле меѓу повредените во трагичниот пожар во дискотеката, неодамна на свет донела здраво машко бебе.
Таа истакна дека токму оваа приказна е една од најубавите што произлегле од трагедијата која ја потресе цела држава.
„Имаше многу убави приказни помеѓу повредените, имаме девојче кое што на свет донесе здраво машко бебе после пожарот. Тоа беше една од најубавите вести. Убаво чувство ми предизвикува кога знаете дека нешто убаво излегло од целото тоа неубаво.“
Проектот „Пониква“ ги зближи повредените
Д-р Паниќ Мирчовска се осврна и на проектот „Пониква“ , кој им помогнал на повредените да се зближат и да се справат со колективната траума.
„Можам да кажам дека и проектот Пониква ги зближи, додека беа таму. Да, тие беа познаници меѓу себе, но мислам дека ги зближи после тоа, посебно после разговори со колегите, после такви колективни трауми.“
Таа потсети и на слични трагедии со дискотеки во странство, Кран-Монтана и Букурешт.
Потреба од психолошка поддршка
„После такви трауми многу недостасува социјалната и психолошката поддршка на тие луѓе, односно како да се ресоцијализираат, како да се вратат во нормала и како повторно да им се смени тој „мајнсет“ дека мора животот да продолжи понатаму. Да се прифатат лузните со настанот, дека не биле како што било претходно.“
извот Шило Магазин






