Какво време не чека: Променливо облачно со магла и сончеви периоди
20/01/2025 10:04
Според временската прогноза од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), денеска ќе преовладува променливо облачно време со утринска магла. Студеното утро ќе донесе магла, а преку ден ќе има сончеви периоди, особено во источните делови на земјата. Минималната температура ќе се движи од -8 до 1 степен, додека максималната ќе биде во интервал од 3 до 11 степени.
Во Скопје се очекува утрина со магла, која ќе биде заменета со облачно време. Минималната температура ќе падне до -5, а максималната ќе биде 3 степени.
Следните денови се очекува да има продолжено променливо облачно време со појава на утринска магла.






