MKinformer

your daily dose of news

Променливо облачно со сончеви периоди, за викенд дожд и снег

23/01/2026 8:53

Времето денеска ќе биде променливо облачно со подолги сончеви периоди. Претпладне, по одделни котлини, ќе има појава на магла, а ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се движи од -2 до 2 степени, додека максималната ќе биде во интервал од 6 до 10 степени.

Во Скопје се очекува променливо облачно време со сончеви периоди. Претпладне ќе има магла, минималната температура ќе се спушти до -1 степен, а максималната ќе достигне 7 степени.

Според најавите на Управа за хидрометеоролошки работи, до сабота ќе преовладува променливо облачно време со постепен пораст на дневните температури, а по котлините и понатаму ќе има услови за магла.

Од сабота кон крајот на денот се очекуваат локални врнежи од дожд, додека на планините врнежите ќе бидат од снег. Пообилни врнежи се најавуваат во недела во попладневните и ноќните часови, кога на повисоките места дождот ќе преминува во снег. Врнежите ќе продолжат и во понеделник.

error: Содржината е заштитена од копирање !!