Трагедија во Белград: Во дом за стари лица шест загинати и седум повредени во пожар
20/01/2025 11:03
Трагичниот пожар во домот за стари лица во населбата Велики Борак во Белград, кој избувнал утринава, предизвикал големи последици. Шест лица загинале, седум се повредени и пренесени во медицински установи, додека 13 се спасени. Вкупно во објектот во моментот на пожарот имало 30 корисници. Пожарникарите и спасителните екипи брзо реагирале, но на жалост, не можеле да спречат трагедијата.





