METEO: Променливо време со магла, облачност и повремени врнежи од дожд и снег
21/01/2025 9:43
Прогнозата за времето за денес е променлива, со утринска магла и локална облачност, особено во котлините. Во текот на денот се очекуваат повремени врнежи од дожд на пониските места и снег на повисоките, додека на планините ќе има значајни снежни врнежи. Врнежите ќе бидат со слаб интензитет, освен во западните делови каде ќе бидат умерени.
Температурите ќе се движат од -5 до 2 степени Целзиусови во утринските часови, а дневните температури ќе бидат од 2 до 9 степени. Во Скопје се очекува магла во утринските часови, а подоцна облачно време со слаби врнежи од дожд и снег, со температури од -4 до 4 степени Целзиусови.





